Цертиадриа е stakeholder на

Каде можете да се сертифицирате? - Одберете тестинг центар ОВДЕ

Зошто сертификација?
Поседувањето сертификат во ИТ индустријата одамна е единствен начин за докажување на одредено знаење и работа на одреден програм, како и напредок во професионалната кариера. Во денешното дигитално општество поседувањето сертификат за дигитална писменост е основна и најверодостојна алатка која го докажува вашето знаење и способност за работа во основните програми за компјутерско и канцелариско работење.


Бенефити од сертификација

Студенти – значително ги подобрува шансите за упис на странски универзитети, покажува мотивираност за надградба. Невработени – предност при вработување потврдувајќи ги квалификациите пред работодавецот. Вработени – ги зголемува шансите за напредок во постоечката организација и континуирано надградување. Ако сте работодавец – зголемена способност кај вработените за извршување на работни задачи, поголем фокус кон крајните резултати, подобрена тимска работа.


Зошто Microsoft Office или IC3 сертификација?

Европскиот комитет за стандардизација (European Committee for Standardization) при изготвувањето на европската рамка на е-способности за информатички и комуникациски технологии (e-competence Framework for ITC) ги става и IC3 и MOS како стандарди кои го докажуваат знаењето на работа со компјутер и интернет. Освен европското признание за овие сертификати, тие ја имаат и наклонетоста од ИКТ индустријата на глобално ниво.
Со полагање на еден испит за одредена апликација, се стекнува сертификат со неограничено важење без потреба повторно да се обновува.


Нова законска регулатива

Новиот Закон за Aдминистративни службеници во постапката за административна селекција за вработување, во член 39 став 10 ги наведува сертификатите за дигитална писменост и канцелариско работење како еден од условите што му носат дополнителни поени на кандидатот при аплицирање за работа во државна или јавна администрација:

Најдобар начин да се подготвиме за успех во дигиталната доба е сертификацијата.
Во Македнија овие сертификати може да ги стекнете во авторизирани тестинг центри.