Цертиадриа е stakeholder на

Каде можете да се сертифицирате? - Одберете тестинг центар ОВДЕ

Цертиадриа

Цертиадриа е интернационална едукациска и сертификациска компанија која е авторизиран партнер на Certiport за Јадранскиот регион. Компанијата опслужува десет земји, меѓу кои: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија, Малта, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Цертиадриа е посветена на создавање силна врска меѓу едукативните институции и индустријата. Понудата на сертификационите услуги во Јадранскиот регион има за цел да влијае директно врз квалификациите на работната сила и преку тоа индиректно да ја подобри ситуацијата во поглед на вработеност и потребите на индустријата кои постојат.

Мотивот на постоење на Цертиадриа е канализирањето на работната сила преку сертификацијата до индустријата. Компанијата е посветена на создавање на широка мрежа на квалитетни и независни авторизирани тестинг центри кои знаат како најдобро да излезат во пресрет на индивидуалните потреби на кандидатите следејќи ја брзината на променливата бизнис клима.

Тимот на Цертиадриа е мал, динамичен, фокусиран тим кој работи интернационално во десет земји, тежнеејќи да им излезе во пресрет на сите клиенти со еднаква енергија. Водени од личните и вредностите на компанијата, тимот на Цертиадриа ги промовира едукацијата и сертификацијата како најважно средство со кое може да се стигне до успехот.

Во 2013 Цертиадриа беше наградена од HP со наградата “HP Institute Enterpreneur Award” како признание за поддршката и имплементацијата на HP Institute во едукативните центри во земјите во кои работи. Во истата година, Цертиадриа доби признание и од Certiport , наградата “Building Foundation of Success 2013” кој дополнително го мотивираше тимот на Цертиадриа да работи уште поенергично.




Certiport


Certiport, од неодамна бизнис на Pearson VUE, е светски лидер на пазарот на сертификациски испити и подготвителни тестови за образовни институции, организации за развој на работна сила и технолошки ориентирани комерцијални центри. Компанијата е формирана во 1997 година, а денес функционира преку брзорастечка мрежа од околу 12.000 авторизирани тестинг центри низ светот во кои се полагаат повеќе од 3 милиони испити за сертификација годишно.

Certiport креира и маркетира сертификациски програми за водечките компании во ИТ индустријата:

  • Microsoft® Office Specialist
  • Microsoft® Technology Associate
  • Microsoft Certified Educator
  • Adobe® Certified Associate
  • Adobe® Certified Expert
  • IC3 Digital Literacy certification.
  • HP Accredited Technical Associate
  • CompTIA Strata™IT Fundamentals
  • Autodesk® Certified User
  • Intuit® QuickBooks Certified User