Цертиадриа е stakeholder на

Каде можете да се сертифицирате? - Одберете тестинг центар ОВДЕ

IC3 сертификат за дигитална писменост


IC3 сертификатот за дигитална писменост е неопходен за сите оние кои сакаат да работат или веќе работат на работни места каде е потребно користењето на компјутери и интернет. IC3 е развиен во соработка со Светски совет за дигитална писменост (Global Digital Literacy Council) кој ги става на иста маса работодавците, едукаторите и владините претставници од земјите на пет континенти. Од септември 2013 година, Европскиот комитет за стандардизација (European Committee for Standardization) го стави во рамката на е-способности за информатички и комуникациски технологии (e-competence Framework for ITC) како стандард кој го докажува знаењето на работа со компјутер и интернет.

IC3 се состои од 3 испита, од кои Закон за Административни службеници бара да биде положен само еден – Key Applications.
Со положување на испитот Key Applications, кандидатот се стекнува со транскрипт за положен испит IC3 GS4: Key Applications кој служи како доказ за исполнување на наведениот услов во административната селекција за вработување во Законот за Административни службеници.


  • 1. Испит: Работа на Интернет (Living Online)
    Ги покрива вештините за работа на интернет и во мрежа.
  • 2. Испит: Клучни апликации (Key Applications)
    Ги покрива вештините за работа со текстови, калкулации, табели и презентации.
  • 3. Испит: Основи на работа со компјутер (Computing Fundamentals)
    Го покрива основното знаење за компјутери.

СОДРЖИНА НА испит Living Online

  • -комуникација меѓу мрежи и на интернет
  • -електронска комуникација, мејлови
  • -користење на пребарувач на интернет
  • -корисноста на компјутерите во општеството

СОДРЖИНА НА испит Key Applications

  • -заеднички функции на програмите
  • -функции за процесирање на текстови
  • -функции за процесирање на табели и пресметки
  • -работа со програми за презентација

СОДРЖИНА НА испит Computing Fundamentals

  • -компјутерски делови
  • -компјутерски софтвер
  • -оперативен систем

Повеќе за испитот може да дознаете овде