Цертиадриа е stakeholder на

Каде можете да се сертифицирате? - Одберете тестинг центар ОВДЕ

Microsoft Office Specialist сертификат


Специјалист за Мајкрософт Офис (MOS – Microsoft Office Specialist) е еден од најполаганите водечки ИТ сертификати во светот, со повеќе од 1 милион положени испити секоја година во 140 земји во светот. MOS сертификацијата го покажува вашето знаење и вештини за продуктивно користење на Microsoft Office Word или Microsoft Office Excel. Европскиот комитет за стандардизација (European Committee for Standardization) го има ставено во рамката на е-способности за информатички и комуникациски технологии (e-competence Framework for ITC) како стандард кој го докажува знаењето на работа со компјутер и интернет.

Овој сертификат додава вредност на вашата биографија не само како потврда за профсионална надградба, туку укажува и на позитивните лични карактеристики. Истражувања спроведени за ефектите од сертификатот покажуваат дека личностите кои поседуваат MOS сертификат се понатаму повеќе склони кон тимска работа, похрабри да сработат покомплексни задачи и пофокусирани на крајните резултати.


Сертификатот може да се добие со полагање на 1 испит за соодветниот програм. По положување на MOS сертификатот добивате:

  • Microsoft официјален сертификат
  • Подобрена ефикасност во извршување на работните задачи
  • Влез во мрежата на Microsoft сертифицирани корисници
  • Можност за надградување и дополнителна сертификација

Дознај повеќе: MOS 2013 | MOS 2010 | 2007

Microsoft Office Specialist за WORD

СОДРЖИНА НА WORD испитот
  • 1. Споделување и управување со документ
    • -поставување прегледи на документ
    • -поставување заштита на документ
    • -управување со различни верзии
    • -споделување на документ
    • -снимање на документ
    • -употреба на готов урнек
  • 2. Форматирање на содржина на документ
    • -менување на фонт
    • -пребарување на текст низ документ
    • -формат на параграф
    • -поставување големина на проред
    • -креирање на табели
    • -правење промени на постоечки табели
    • -додавање набројуванки
  • 3. Креирање изглед на страна
    • -поставување маргини
    • -поставување тема на документ
    • -конструирање содржина во документ
    • -креирање и правење промени на позадина на документ
    • -креирање и правење промени на
  • 4. Работа со слики и други форми во документот
    • -вметнување слика во документ
    • -вметнување форми и уметнички текстови
    • -вметнување на други објекти
    • -вметнување на текст во документ
  • 5. Проверка на документ
    • -опции за проверка на правопис и граматика
    • -опции за автоматска поправање на зборови
    • -вметнување на коментари низ текст
  • 6. Вметнување референци и линкови
    • -вметнување линк до надворешен објект
    • -креирање фусноти
    • -креирање содржина на документ
  • 7. Циркуларно писмо

Microsoft Office Specialist за EXCEL

СОДРЖИНА НА EXCEL испитот

  • 1. Управување со работни листови
    • -работен лист
    • -принтање на документ
    • -персонализирање на документ
  • 2. Потполнување ќелии
    • -внес на податоци во ќелии
    • -употреба на автоматско пополнување на ќелија
    • -вметнување на линкови
  • 3. Форматирање ќелии и работни листови
    • -промена на податоци во ќелија
    • -спојување и разделување на ќелии
    • -поставување наслови на колони и редови
    • -сокривање и откривање на колони и редови
    • -поставување на опции за страна
    • -стилови на ќелии
  • 4. Управување со работни тетратки и листови
    • -креирање нови
    • -промени на преглед на документ
    • -преглед на работна тетратка
  • 5. Внесување формули и функции
    • -внесување формула
    • -собирање податоци со функции
    • -собирање податоци со меѓузависни функции
    • -форматирање и правење промени на податоци со функции
  • 6. Визуелна презентација на податоци
    • -креирање табели од дадени податоци
    • -внес на илустрации
    • -вметнување на слики во документ
    • -креирање и правење промени на слики со употреба на Image Editor
  • 7. Споделување податоци од документ со други корисници
    • -користење коментари
  • 8. Организирање и анализирање податоци
    • -филтрирање податоци
    • -подредување податоци
    • -користење условни податоци

*Повеќе информации за испитот на овој линк